Филипче поднел оставка?!

Министерот за здравство му понудил оставка на Заев

После вчерашната трагедија на штипјанката која го загуби своето неродено бебе во шеститот месец од бременоста, како последица на епидемијата од морбили, министерот Филипче разговарал со премиерот Заев и му понудил оставка од морални причини, објави Магазин.мк.

Според извори на медиумот од министерството за здравство, министерот Филипче чувствувал морална одговорност затоа што тимот на министерството за здравство не успеал да ја сузбие епидемијата на морбили која трае веќе 4 месеци, а зад себе остави 30 мртви луѓе и пет неродени бебиња меѓу 4ти и 6ти месец на бременоста, абортирани заради заразата. Се очекува во следниве неколку дена од премиерот Заев да се изјасни дали ќе ја прифати понудената оставка од министерот Венко Филипче.

 

Бројот на заразени со малите сипаници денес е 1004 лица, а освен Скопје, критична е бројката на заразени во Куманово, Тетово, Струга, Свети Николе, Кичево, Штип, Гевгелија, Прилеп и Дебар. Најкритично е во главниот град, каде епидемијата е решиси излезена од контрола, и само денес на детската клиника во Скопје се евидентирани нови 17 деца заразени од мали сипаници. Еден дел од оние што се хоспитализирани на Клиничкиот центар се бебиња помали од 12 месеци, а поголемиот број се луѓе на возраст од 35-65 години, но и двете се многу ризични и ранливи категории.

Според член 56 од Законот за заштита на населението од заразни болести, при појава на епидемија во поголем број на општини во земјата, миистерството за здравство и владата треба да прогласат епидемија на ниво на целата држава, особено кога заразната болест покажува тенденции на забрзано ширење. Министерството за здравство тогаш наложува мерки за сузбивање на епидемијата. Член 64 од истиот закон вели дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат има право и должност додека трае опасноста од епидемија да забрани собирање на лица во училишта, кина, театри, јавни локали и игротеки, додека трае опасноста од епидемија.

Како што расте бројот на заболени, се повеќе на удар на малите сипаници се и трудниците. На Инфективна во моментов на болничко лекување се две бремени жени со морбили, од кои едната е во 9-ти месец, пред породување. Покрај нив хоспитализирани се уште 42 пациенти со ова заразно заболување. Се очекува бројот на пациенти да расте, а тоа го покажуваат и бројките од Институтот за јавно здравје, кои заклучно со денес регистрирале 138 нови случаи со морбили во изминативе 8 дена. Дел од новозаразените се медицински сестри или лекари, што дополнително го намалува капацитетот на болниците да се борат со ширењето на оваа опасна епидемија.

Во вторник министерот Филипче и премиерот Заев ќе имаат специјална средба на оваа тема со Комисијата за заразни болести и се очекува да прогласат епидемија во цела држава. Според изворот од министерството за здравство, се очекува да предложат порадикални мерки како времено затворање на дел од градинките во Скопје, Тетово и Куманово, затворање на повеќе игротеките, делумно затворање на кинотеки, локали и спортски сали, се додека епидемијата заразува се поголем број на граѓани и нанесува големи човечки и финансиски загуби за државата и засегнатите семејства.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.