Филипче најави дека прават напори и медицинските сестри од јануари да добијат поголема плата

Медицинските сестри се изоставени од јануарското покачување на платите. Од Унијата на овој здравствен кадар реагираат дека на почетокот на 2019 година 10 проценти поголем месечниот приход бил планиран само за специјалистите. Прашуваат како е можно подобро јавно здравство без нив?
Доколку властитите немаат слух за нивните барања најавија дека ќе излезат на улица.
– Срамота е што сестринската фела е повторно ставена на маргините во нашето општество. Медицинските сестри не се планирани во буџетите на здравствените институции за покачување на платите, за едукации, за признавање на нашето образование, за нашите специјализации, се вели во реакцијата од Унијата на медицински сестри ЗМСТАС.

Министерот Филипче одговори дека правеле напори за поголема плата од јануари за сите здравствени работници.
– Во текот на вчерашниот ден имаше разговори околу буџетот. Некои работи се финализираат. Правиме напори да ги обезбедиме сите потребни средтства. Јас верувам дека ќе успееме заради тоа што сите здравствени работници заслужуваат да го добијат тоа, рече д-р Венко Филипче, министер за здравство.

Дали и средниот медицински кадар и останатите вработени во здравството ќе добијат повисоки плати на почетокот на идната година Филипче најави дека деновиве ќе излегле со конкретни информации.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.