Филипче доби благодарница од ЛКМ, ама не како министер туку како лекар!

Здравствените работници кои ги згрижуваа повредените патници од страшната несреќа кај ласкарци, ќе добијат награди ама по изборите.

„Имавме консултации со Секретаријатот за законодавство и, искрено, ништо не можевме да направиме во овој период пред изборите. Тоа ќе го направиме по завршување на изборите. Одредивме од кои ставки ќе се прераспределат средства од Министерството за здравство. Истовремено, работиме на изнаоѓање средства за да се покрие сумата за партиципација на повредените патници кои се лекуваа во болниците, веднаш по завршување на изборите“, изјави Венко Филипче, министер за здравство.Филипче им подели благодарници на претставници од  сите болници каде се лекуваа преживеаните патници од несреќата, во која уште истата вечер на 13 февруари загинаа 15 патници а повеќе од 30тина беа повредени.

 

Претседателот на Македонското лекарско друштво д-р Горан Димитров им изрази голема благодарност и честитки на сите лекари кои за време на несреќата, а и потоа многу брзо ја дадоа потребната медицинска помош. Ненајавено, на денешното одбележување на денот на здравјето во организација на Македонското лекарско друштво, се појави и претседателката на Лекарска Комора  Калина Гривчева-Старделова, која му додели благодарница на Филипче, ама не како министер туку како доктор кој исто така оперирал и се грижел за дел од повредените во несреќата. 

 

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.