Еве неколку добри причини зошто треба да јадете морков
За поздрави нокти, кожа, коса, …задолжително во исхраната да има морков. Овој зеленчук го нарекуваат суперхрана кој влијае на плодноста како и подобрување на квалитетот и квантитетот на спермата. Но, има и други добри ефекти:
стареење
Морковот го сметаат за продукт против стареење бидејќи е богат со бета-каротен , антиоксидант кој се бори против слободните радикали.
убавина
Овој зеленчук е богат со антиоксиданси и витамин А , хранливи материи важни за здрава кожа , коса и нокти .
кардиоваскуларните болести
Морковот содржи бета каротин, алфа каротин и лутеин – антиоксиданси кои се борат против холестеролот.
здравје на забите
Јадењето моркови го подобрува здравјето на забите. Ги отстранува наслагите а грицкањето моркови го големува производството на плунка и на тој начин го балансира нивото на киселина која се бори против бактериите.
здравје на црниот дроб
Овој зеленчук се смета за детоксикациски производ бидејќи го чисти црниот дроб. Помага во намалување на производството на жолчката и складирање на масти во црниот дроб.
спречување инфекција
Свежи или варени моркови се применуваат при рани и посекотини бидејќи имаат антисептичко дејство.