Еве кои се најчестите симптоми на карцином на јајници
Анвен Џонс, директорка на организацијата „Target Ovarian Cancer“ која се бори за победување на ракот на јајниците, предупредува дека илјадници жени постојано си го загрозуваат здравјето и животот бидејќи немаат ниту основно познавање на симптомите на ракот на јајници.
Истражувањата покажале дека 71 отсто од жените не знаат дека грутката на градата или под пазувите е можен симптом на карцином на градите, но само една од пет жени знае дека надуеноста е еден од вообичаените симптоми на карцином на јајници.
„Раната дијагноза е спас за жените кои боледуваат од рак на јајниците, недозволиво е жените да не знаат да ги препознаат симптомите. Секоја личност која има генетска предизпозиција за рак на градите или јајниците треба да се запраша дали знае кои се точните симптоми на болеста“, рекла Анвен за Dаily Mail.
Најчестите симптоми на карциномот на јајниците се: константна надуеност, подуен стомак, болка во стомакот и желудникот, чувство дека брзо сте се најале или гибење на апетитот, честа потреба за мокрење. Исто така, обрнете внимание на симптомите како проблеми со варењето, мачнини, болки за време на сексуален однос, болки во грбот, невообичаено крварење од вагината, постојан умор и ненадејно губење на тежината.