Синуситис е инфекција или воспаление на синусите, џебови исполнети со воздух во коските на лицето.
СИМПТОМИ:
-Чувство на оток на лицето
-Притисок зад очите
-Затнат нос, отежнато дишење
-Цедење слуз во грлото
-Непријатен мирис во носот
-Температура (евентуално)
-Забоболка (евентуално)
МНОГУ ЕФИКАСЕН РЕЦЕПТ
1 чаша вода
1 лажица морска сол
1 лажица камилица
1 лажица мед
2 капки јод
Малку сода бикарбона
На оган ставате да зоврие една чаша вода со една лажица морска сол. Тргнете го садот од оган и ставате една лажица камилица. Кога чајот ќе излади, ставете една лажица мед, на врв од лажичката сода бикарбона и две капки јод.
Од оваа течност се прска во нос 2-3 пати дневно.
ОБЈАСНУВАЊЕ:
Човекот има четири пара синуси кои се поврзани со носните канали со низа дупки и меѓуврски. Синуситисот се јавува кога епителот што ги покрива синусите ќе се воспали, а најчеста причина е затворањето на синусните отвори што се појавува при обичната настинка или грипот.
Овие болести го засилуваат лачењето на слузта во носните канали, предизвикувајќи отекување на ѕидовите на синусите и оневозможувајќи нормална работа на клетките.
Алергиските реакции можат да го имаат истото дејство. Во некои случаи синусните отвори ги затвора некоја необична анатомска творба, на пример, од порано постојните носни полипи, девијација на носната преграда, туѓите тела или тумори.