Ефикасен антицелулитен пилинг од кафе што можете да го направите дома
За да изгледате одлично во бикини
Огромен број од жените ширум светот имаат проблеми со целулитот и се во постојана потрага по совршениот производ што ќе им помогне во борбата со истиот. Покрај бројните антицелулитни креми, постојат и многу домашни и природни пилинзи со кои може да се ослободите од целулитот.
На денешното мени за викенд проекти е овој едноставен и лесен пилинг од кафе за кој многумина ќе потврдат дека има супер ефикасни резултати.
Многумина го сметаат кафето за ефикасен сојузник во борбата против целулитот, бидејќи ја поттикнува циркулацијата и ја ослободува кожата од сите неправилности.
Потребно:
4 лажици кафе, 4 лажици морска сол, 2 лажици маслиново или кокосово масло, малку ванила во прав или некое етерично масло за убав мирис…
Подготовка:
Во еден голем сад измешајте го кафето и солта, а потоа додадете го и маслото и мешајте добро сѐ додека смесата не се соедини. Ако сметате дека смесата е многу сува, додајте уште неколку капки масло, но внимавајте да не претерате. Добиената смеса покријте ја со капаче и користете ја секојдневно по еднаш, добро триејќи ја на местата каде имате целулит. Секако, доколку имате некои проблеми со кожата, секогаш консултирајте се со доктор пред да користите било што, па дури и природни производи.