Една голтка ги отстранува сите бактерии и остатоци од храна!

Рецепт: Свежиот здив ќе биде ваш заштитен знак

Понекогаш ниту одличната орална хигиена не е доволна да имаме долготраен свеж здив. Сепак, немојте да очајувајте и подгответе вкусен домашен напиток и нека свежиот здив биде ваш заштитен знак.
Состојки: 1/2 лажичка цимет во прав, 1/2 лажичка мед, сок од 2 лимони, шолја врела вода
Подготовка и примена: медот и циметот ставете ги во чинија и полијте со врелата вода. Мешајте добро додека медот не се истопи, а потоа додајте сок од лимон. Потоа повторно измешајте па напитокот ставете го во стаклена тегла и затворете со капак. Почекајте да се излади и префрлете во фрижидер.

Овој напиток најпрво гргорете го и „шетајте“ низ усната шуплина, па потоа проголтајте. Циметот и лимонот ќе ја дезинфицираат усната шуплина и ќе ги неутрализираат бактериите, додека медот ќе даде подобар вкус.

Покрај тоа што ќе ви овозможи свеж здив, овој пијалок е и многу лековит и ќе го зајакне вашиот имунитет.
најдобро е напитокот да го користите после секое јадење, по една убава голтка.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.