Двеиполгодишно дете почина на Клиниката за детски болести
На Клиниката за детски болести починало две и полгодишно женско дете, кое на било примено со сериозна бактериска инфекција.
Како што информираат од Клиниката, детето било примено во понеделникот попладнето. Детето претходно било релативно здраво, со респираторена инфекција и една недела било третирано од страна на матичен лекар.
-Дента поради влошување на состојбата е донесено на Клиниката. Примено е на Оддел за интензивна нега, поставено на респиратор, но и покрај сите преземени тераписки процедури после престој од 12 часа детето почина, се вели во соопштението од Клиниката за детски болести.