Државата од парите од блиндираниот мерцедес ќе купува болничка опрема?!

Државата ќе го продава блиндираниот меерцедес од 600.000 евра, а од парите ќе купуваат болничка опрема, но од Владата не прецизираат дали тоа ќе бидат амбулантни возила или медицински апарати. Вчера на седница усвоена е одлуката автомобилот од МВР да премине во трајно користење на Службата за општи и заеднички работи кои понатаму треба да го продадат луксузното возило, засега не се знае дали тоа ќе биде преку јавен оглас.
-Ние знаеме дека од разговорите дека сумата е 600.000 евра, но реалната вредност не ја знаеме , ќе ја утврдиме во понатамошната постапка, изјави Миле Бошњаковски, портпарол на Влада на Р. Македонија.
Претходно и Премиерот Заев најавуваше дека од парите од мерцедесот ќе се купат амбулантни возила. Едно вакво комбе со се опрема чини од 60 до 80.000 евра. Со оглед на дотраениот возен парк на Скопската Брза Помош од Здравствен дом Скопје изјавија дека очекуваат да добијат нови возила од продажбата на мерцедесот.
Во меѓувреме од Владината прес служба уверуваат дека Заев никогаш не се возел во овој автомобил.
Инаку мерцедесот е доказ во постапка која ја води СЈО, за што од Владата тврдат дека со продажбата процесот нема да биде нарушен.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.