Дознајте ја миете ли косата правилно?

Проверете дали грешите

Вистинската техника за миење коса може да направи многу за нејзиното здравје и изглед, но ако и вие ги правите вообичаените грешки, ја уништувате косата, а тоа и да не знаете. Во продолжение на текстот прочитајте за тоа како правилно се мие косата.

  1. За почеток – измијте ја

-Токму како и алиштата и косата треба да биде сосема мокра пред да ставите шампон. Топлата вода ќе помогне при отклонувањето на масти од темето и ќе ги отвори порите за да можат хранливите масла на регенераторот да се впијат во кожата.

2.Долгата коса бара регенератор пред перењето

-Ако имате коса чија должина е преку рамениците, заштитете ги врвовите така што ќе се нанесе мало количество на регенератор и оставете да деуваат неколку минути. Дури потоа треба да започнете со шампонот.

  1. Избор на шампон

Користете шампон и регенератор кој е направен за вашиот тип на коса. Колку често ја миете косата зависи од тоа каква коса имате. Нормална или сува коса бара миење два до три пати неделно.

  1. Шампонирање

Шампонот треба да се нанесе само на теме. Зошто? Затоа што косата тука е најмногу масна и најотпорна. Врвовите на косата се често суви и испукани, па грубото миење нанесува повеќе штета отколку корист. Не користете повеќе шампон од потребното, но ако косата ви е долга и густа, тогаш тоа правило не важи.

4.Мијте нежно

Грубото миење може да ја оштети вашата коса засекогаш, оставајќи ја испукана и дива. Обидете се да ја мието нежно, како на пример кристална чаша – внимателно.

5.Регенератор

Откако добро ја измивте косата, нанесете доволно количество регенератор, но само од средината кон врвовите. Што подолго ви стои регенераторот на косата, ефектот ќе биде подобар. Затоа исплакнете го после туширањето.

  1. Последното плакнење нека биде со студена вода

Студената вода ќе го затвори епидермот, создавајќи нешто како заштитна обвивка на косата, која рефлектира светлина, па косата посилно ќе ви свети.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.