Домашен рецепт за сируп за кашлица
Понекогаш, силната и упорна кашлица е тешко да се смири, знае да биде досадна и болна.
Следниов рецепт можеби не е највкусен на светот, но е еден од најефикасните кога е во прашање упорната кашлица.
Потребни состојки:
1 стапче цимет
2 гранчиња мајчина душица
150 милилитри мед
50 милилитри свежо цеден сок од лимон
50 милилитри кокосово масло
1 исечкана лута пиперка
1 чешне лук
1 мал ситно сечкан кромид
Начин на подготовка:
Циметот, мајчината душица, лукот, кромидот и пиперката ставете ги во сад и прелијте ги со мед и кокосово масло.
Добро промешајте ги состојките и зовријте ја смесата. Потоа тргнете ја од оган и оставете ја се излади.
Изладената смеса прецедете ја, вратете ја во садот и додајте го лимоновиот сок.
За складирање на сирупот ќе ви бидат потребни стерилни шишиња, а најдобро е да го чувате во фрижидер.
3 до 4 пати дневно, пијте по една лажица од сирупот.