Новиот коронавирус закана за глобален недостиг од антибиотици

Државите во светот може да се соочат со недостиг на антибиотици доколку не се решат проблемите со фармацевтската индустрија предизвикани од епидемијата на коронавирус во Кина.

Тоа го изјави Jорг Вутке, претседател на трговската комора на Европската унија во Кина, на тркалезната маса во Пекинг.

Вутке нагласи дека епидемијата на новиот коронавирус имала негативно влијание врз синхронизирањето на доставувањата на антибиотици во Кина.

Во меѓувреме, бројот на починати од новиот коронавирус во централната кинеска провинција Хубеи се зголеми од вчера  за 93 и сега е 1.789.

Во Хубеи, жариште на вирусот Ковид-19, регистрирани се 1.807 нови случаи, со што вкупниот број достигна 59.989.

Најновите информации беа објавени на веб-страницата на здравствената комисија на таа провинција во Кина. Меѓу лицата кои ги загубија животите во Вухан е и директорот на болницата. Речиси 90 отсто од новите случаи се во главниот град на провинцијата, каде живеат околу 11 милиони луѓе.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.