Ако сакате фигурата да ја доведете до совршенство, а малку ви недостига, испробајте го домашниот мелем од рен. Во прашање е мевлем од позната руска билкарка др. Ирина Стефановска. Клучната состојка е ренот кој помага во слабеење, го чисти организмот и го подобрува метаболизмот.
За овој мелем е потребно:
– 125 гр. рен
– 3 лимони
– 3 лажички мед
Подготовка: Исечкајте го ренот и ставете го во блендер. Добро измијте го лимонот, исчистете од семки и исецкајте. Така насецкан лимонот додајте го во блендерот, а потоа и медот. Кога сите состојки се соединат мелемот е готов. Смесата чувајте ја во тегла во фрижидер. Секој ден два пати дневно со оброк земајте по една лажичка.