Директорот на нефрологија Иван Барбов е позитивен на Ковид-19
Директор на Клиниката за неврологија, Иван Барбов, е позитивен на тестот за ковид-19 и се наоѓа во домашна изолација. Тој на фејсбук објави дека денес го добил резултатот за „САРС-КоВ-2“, кој се покажал како позитивен.
„Вчера се тестирав заради контакт со неколку пациенти кои испаднаа позитивни, иако и тие и јас бевме со заштитна опрема. Немам никакви симптоми и од вчера сум во домашна самоизолација. Во изминативе 4 месеци секојдневно бев на работа, не се поштедив со ротации. Се со цел подобро да ја организирам работата на клиниката и да бидам достапен за сите пациенти. Постојано носев маска на работа и надвор во затворени простории“, напиша тој.