Диеталните влакна во борба против мозочниот удар

Намалете го ризикот од мозочен удар

Во западната цивилизација мозочниот удар стана четврта најголема причина за смрт. Само во Америка годишно умираат повеќе од 150.000 луѓе како последица од мозочен удар, а годишната граница за добивање мозочен удар се намалува.

Што можете да направите?

Истражувањата на универзитетот во Лидс, Велика Британија, покажале дека со едноставни чекори и производи од природата можете превентивно да делувате за да спречите мозочен удар. Ова се однесува особено на оние на кои генетското наследство не им е наклонето кога станува збор за овој проблем.

Мозочниот удар е тесно поврзан со срцевите заболувања и останатите кардиоваскуларни пореметувања. Лошата исхрана, пушењето и недостатокот на физичка активност го зголемуваат ризикот.

Диеталните влакна ги зајакнуваат липидите и го отстрануваат вишокот на масти.

Луѓето внесуваат отприлика 10 грама диетални влакна, додека препорачаната доза за добра превентива на мозочниот удар е околу 25 грама дневно.

Во здрави влакна не спаѓа било каква преработена, индустриска храна, без оглед што пишува на амбалажата.

Истражувањата покажале дека доколку го зголемите внесот на влакна во организмот го намалувате ризикот од мозочен удар за цели седум проценти.

Храната која е богата со влакна и која би требало да ја консумирате на дневна база се свежото овошје и зеленчук, а најмногу јаткастите плодови, морковите, мешунките, брокулите, овесот и разни семки.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.