Деветмина починати од Ковид-19 за 24 часа во Тетово

Ковид центарот во Тетово денес во седум часот евидентира најлоши 24 часа во текот на пандемијата со најмногу – девет починати и 18 хоспитализирани, а поради сериозни компликации од повеќе хронични болести пациенти со коронавирус биле однесени и во Скопје.

-За 24 часа имавме 209 амбулантски прегледи што укажува дека се уште ќе има нови хоспитализации за жал.  Во моментов има 124 хоспитализирани пациенти од кои 18 се нови, како максимум во цела пандемија.  Починатите се сите над 65 години, со коморбидитети. Друг проблем е што имаме ситуации каде има пациенти со Ковид, но примарни им се болести на срцето и други органи, за кои ние моравме да се консултираме во Скопје. Затоа вчера имавме транспорт на три пациенти во болницата „8-ми Септември“, изјави д-р Гзим Нуредини од Ковид центарот.

Секојдневните приеми, како што рече, но и пациенти кои се по три недели на лекување во болница уште повеќе ја комплицира состојбата во Тетовската болница. Сите пациенти имаат други сериозни болести, за коишто требаат добри специјалисти да се третираат.

-Секој ден одиме нагоре со бројките. Ако нема отворена врата од Скопје сами ќе се организираме. Но, не е суштина во кревети, не може цела болница да ја блокираме. Имаме инфаркти секој ден, имаме крварење во желудникот и тие ни се потенцијали за умирање. На хирургија има повредени и не може да се земат сите анестезиолози. Нормално дека имаме капацитети, ама не би сакале и немаме намера да се прошириме зашто ќе биде полошо за тие што се веќе хоспитализирани, па некако да видиме со Скопје да ни отворат врата за може полесно да ги третираме овие што ги имаме, објасни д-р Нуредини.

Меѓу 124 хоспитализирани има младо лице на 31 години со прекумерна телесна тежина, а 47 годишно лице е без коморбидитети и е во добра состојба и може да се пушти дома. Од 124 пациенти во болницата околу 90 отсто не се вакцинирани, односно 13 имаат примено само една доза доза, а три пациенти две дози.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.