Дали сиромаштијата предвреме го старее мозокот?

Според новото истражување спроведено во САД, сиромаштијата е поврзана со негативното влијание на менталните функции и зголемување на ризикот од предвремено стареење на мозокот.

Наодите кои ги објави Американ Џурнал оф Превент Медисин се собирани од околу 3.400 испитаници следени од 1985 до 2010 година. Учесниците во истражувањето на почетокот на набљудувањето биле на возраст од 18 до 30 години.

Истражувачите од Универзитетот во Мајами врз испитаниците спровеле повеќе тестирања на когнитивните функции кои упатуваат на важната улога на сиромаштијата во процесот на стареење на мозокот.

Според податоците за САД, речиси 80 отсто од Американците најмалку еднаш во животот биле близу до границата на сиромаштија.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.