Дали можеме да побудалиме од загадениот воздух?
Врската помеѓу загадувањето и менталното здравје
Загадувањето на воздухот придонесува за појавата на различни здравствени состојби. Добро позната ни е врската помеѓу загадувањето и респираторните и кардиоваскуларните проблеми.
Но, последните истражувања се занимаваат со следната теза – дали загадувањето има потенцијална улога во влошувањето на менталните состојби кај луѓето?
Податоците илустрираат неизбежна врска помеѓу депресијата и загадувањето на воздухот. Сепак, потребни се поопсежни и подетални високо квалитетни истражувања кои точно ќе го поткрепат ова тврдење.
Токсичноста на воздухот влијае врз централниот нервен систем. Различни загадувачи на воздухот, а особено PM честичките и азотните оксиди се поврзани со лошо ментално здравје: подолгата изложеност на штетните PM честици е поврзана со зголемен ризик од појава на нови симптоми на депресија, додека зголемената концентрација на азотен диоксид во летниот период е во тесна врска со влошувањето на постоечките депресивни состојби кај луѓето.
При толкувањето на овие наоди треба да се земе предвид ретроспективниот дизајн на повеќето студии. Ова значи дека постојат различните периоди на анализа и набљудување, фактори како што се возраста на луѓето и нивната медицинска состојба.
Потребни се понатамошни студии со ригорозна методологија за да се потврдат резултатите од овие тврдења.
Сепак, дали ни требаат студии и анализи со воздухот кој го дишеме? Само запрашајте се – како се чувствувате денес?