Многу луѓе мислат дека една шолја јако кафе може да им помогне против упорната главоболка, меѓутоа експертите сметаат дека кафето може и да ја влошат главоболката.
Дали ќе се случи тоа зависи од фактори што се специфични за вас и вашите навики.
Пред да тргнете кон кујната да направите кафе кога ќе почне да ви пулсира главата, разгледајте неколку работи.
Има само неколку случаи во кои кофеинот може да ја реши главоболката.
„Да бидеме јасни, кофеинот не помага секогаш во елиминирање на главоболката“, вели нутриционистката Кирстен Ренсбери.
Кога главоболката е предизвикана од отекување на крвните садови во мозокот, кофеинот може да помогне така што ќе ги стегне крвните садови и ќе го намали отекувањето. Кофеинот може и да ја ублажи главоболката со тоа што ќе ги опушти напнатите мускули.
Но, ако внесете премногу кофеин, тоа може само да ја влоши болката. А жал, не постои „магична доза“ што може да ја земете и да ја прекинете главоболката.
Тоа е така бидејќи кофеинот различно делува на секого.
„Некои луѓе се генетски предодредени да бидат чувствителни на кофеин и тие луѓе треба да се воздржуваат од внесување кофеин во телото како средство за ублажување на болка“, вели доктор Киран Ф. Рајнеш, доктор од Одделението за неврологија при Медицинскиот центар на Универзитетот Охајо.
Кога станува збор за кафе, препорачаната доза е една до две шолји дневно. Кофеинот како состојка се содржи и во чај, чоколадо, енергетски пијалаци, кока-кола.
Особено треба да внимавате со енергетските пијалаци бидејќи содржат невростимуланси што може да ви ја влошат состојбата ако веќе ве боли главата.