Да им опишете на мажите за каква болка станува збор
Менструалните болки се исто силни колку и болката од инфаркт
Понекогаш менструацијата доаѓа со цела низа неудобности – од променливо расположение, до навистина интензивни болки. Но, понекогаш е навистина тешко да им опишете на мажите за каква болка станува збор. Сè досега.
Имено, научниците ги споредиле менструалните грчеви со инфарктот. Односно, професор Џон Гилебауд потврдил дека неговите пациентки, менструалните болки најчесто ги опишувале како слични на оние од инфаркт.
Со оваа споредба често се сретнувал и Франк Ту од Универзитетот North Shore. Тој истакнал и дека лекарите често ги пуштаат пациентките со мислење дека лекот ибупрофен ќе им биде од помош. За жал, ситуацијата не е секогаш таква.
Покрај сето ова, менструалните болки сè уште се релативно непознат поим во современата медицина. Односно, според мислењето на двајцата експерти, не им се обрнува доволно внимание.
„Верувам дека ова е нешто со кое треба да се занимаваме, како и со што било во медицината“, изјавил Џон.
Поединечни истражувања покажуваат дека дури една петтина од жените, секој месец се соочуваат со менструални болки кои им го попречуваат нормалното функционирање и извршување на секојдневните задачи. Овие болки најчесто траат по три дена.