Чајот од ленено семе помага во губењето на вишокот килограми

Лененото семе апсорбира извесни состојки од храната, ги прочистува цревата и истовремено го „храни“ организмот со лецитин. Го чисти организмот од токсини, метаблизмот го доведува во нормала, го намалува нивото на шеќер во крвта и го намалува апетитот.

Работата е во тоа што масните киселини кои ги содржи во себе лененото семе, ја активираат работата на лојните клетки во телото, помагајќи во топењето на вишокот масти во организмот. Затоа ова семе е идеално за слабеење!

Помага во губењето на вишокот килограми, како и во одржувањето на телесната тежина во нормала.

Од семето на лен се прави чај кој може да ви помогне на здрав начин да го изгубите вишокот килограми, без диети и гладување, а ефикасен е и ако само сакате да ја одржувате посакуваната тежина.

Тоа помага и во лекување на циститис и пиелонефритис. Инаку, чајот од ленено семе поседува широк спектар на позитивни влијанија врз човечкиот организам.

Подготовка:
Навечер направете го следното: 3 лажици ленено семе прелијте ги со еден литар зовриена вода. Оставете така да отстои во текот на ноќта. Најдобро е да користите термос шише. Ако немате, користете лонец или сад со капак. Наутро процедете ја течноста. Ќе добиете малку погуст пијалок.

Семето немојте да го фрлате, можете да го конзумирате со појадокот или вечерата. По желба, можете да го засладите со мед.

Примена:
Процедениот пијалок се конзумира во текот на денот, 3-4 пати по 150 милилитри, половина час пред оброк.

Чајот се подготвува секоја вечер за утредента. Немојте да правите залихи. Секогаш мора да биде свежо подготвен.

Овој пијалок се конзумира 10 дена, потоа се прави пауза од 10 дена, па се почнува одново, сè додека не го постигнете посакуваниот резултат. На тој начин ќе можете да ја регулирате телесната тежина. Не создава зависност, ќе слабеете здраво и безбедно. Сè е индивидуално, но за да се намали тежината ви се потребни од 3 до 5 такви третмани.

Важно е да пиете многу вода во текот на денот.

Со редовно конзумирање, ќе забележите позитивни промени во состојбата на кожата која станува поздрава, позатегната, поеластична. При слабеењето, кожата нема да ви се опушти, напротив – ќе се раствори целулитот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.