Брза диета, ослабете 5 килограми за седум дена

Соправилното комбинирање на храната можете да ослабите и до 5 килограми за една недела

Нутриционистите велат дека со правилното комбинирање на храната можете да ослабите и до 5 килограми за една недела. Колку повеќе масти има вашето тело, тие толку побргу ќе се топат. Диетата се базира на месо и млечни производи и со неа не мора да ги броите калориите и може да јадете кога сте гладни.

Што смеете да јадете

Може да јадете месо, и тоа телешко, јагнешко, мисиркино, свинско, дивеч и пилешко. Не е забрането ни маста, а ни пилешката кожа.

Секаков вид риби и школки, јајца, секаков зеленчик што расте над земјата: зелка, карфиол, брокули, зелена салата и уште многу други може да се јадат во неограничени количини.

Природните млечни производи богати со масти се исто така дозволени, на пример: јогурт, павлака, сирење, кисело млеко.

Дозволени се и јаткасти плодови во граница на нормала, а одвреме-навреме може да јадете црно чоколадо и да пиете малку алкохол (но треба да знаете дека ова ќе го забави процесот на слаабење).

Што не смеете да јадете

Не се јадат слатките млечни производи и се избегнува обработено млеко зашто може да има голема количина шеќер.

Избегнувајте сода, газирани и густи сокови, печива, шеќер, колачи, чоколадо, сладолед и вештачки засладувачи. Исто така, не смеете да внесувате ни скроб, леб, тестенини, ориз, компир, помфрит, чипс и каши.

Совет плус

Пијте повеќе вода, кафе и чај без засладувач

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.