Боcилeкот ги лeкува душата и тeлото

Jа спречува подуеноста, ги чисти бубрезите, ја смирува кашлицата

Босилекот била многу ценета билка уште во античко време, а денес најмногу се одгледува во Холандија.

Вообичаен е зелениот босилек, но постојат уште и виолетов и темен босилек. Виолетовиот има малку набрчкани листови но исто така се користи како и зелениот. Привлечен е и како украсна билка.

Како вид, темниот босилек е широко распространет во градините, а дава добар, средно силен вкус, или малку посилен вкус од ѓумбирот.

Босилекот (Ocimum basilicum), се применува за лекување на:

-воспаленија (желудник, црева)
-кашлица (почетни стадиуми на туберколоза)
-болести на уринарните органи (бубрези, мочен меур)
-смирување на нервите, несоница
-подобрување на апетитот
-против гасови, надувувања и дигестивни проблеми
-против цревни паразити
-зголемување на млечноста кај доилки
-нормализирање на менструацијата

КАКО СЕ ПОДГОТВУВА ЧАЈ ОД БОСИЛЕК?

Се мешаат сите горни делови од билката или се користат само листовите.
За една чаша чај потребна е една лажица од билката, а се пие незаблажен и во голтки и тоа 2-3 чаши дневно. Чајот може да се заблажи со мед само ако се употребува како лек за градни заболувања или како чај против кашлица.

ТЕМПЕРАТУРА И НАСТИНКИ

При високи температури се пие чај од босилек подготвен од листовите. Една лажица сув босилек се прелива со 250 мл врела вода, да отстои 10 минути па се процедува. Се пие засладен со половина лажичка мед, трипати дневно.

КАШЛИЦА И БОЛЕСТИ НА РЕСПИРАТОРEH СИСТЕМ

Се џвакаат свежи листови од босилек. Се подготвува следниот напиток: се подготвува чај од босилек, па во него се додава една лажица рендан свеж ѓумбир, една лажица мед, 5 каранфилчиња и прстофат сол. Се пие неколку пати во денот, во голтки.

КАМЕН ВО БУБРEГ

Сокот од босилек (лист) и мед, се зема редовно, трипати дневно пред оброк, во текот на 6 месеци.

ПАСТА ЗА ЗАБИ

Од исушен лист од босилек, иситнет во прав и помешан со масло се добива паста за заби со која се лекуваат воспалителните процеси во устата. Истата паста може да се користи и при убоди од инсекти.

ЛEКОВИТОСТ

Босилекот, како и повеќето зачински билки кои се јадат, дава карактеристичен вкус и претставува одлична замена за сол. На тој начин посредно делува врз намалување на крвниот притисок и во отстранување на целулитот.

Освен што го подобрува вкусот и го збогатува мирисот на многу јадења, босилекот со своите состојки поволно влијае врз здравјето на организмот.
Босилекот го поттикнува апетитот и поволно влијае врз дигестијата и рамнотежата на цревната микрофлора.

Во облик на чаеви најчесто се применува при лекување на воспаленија (желудник, црева), почетен стадиум на туберколоза и кај болести на мокрачните органи (бубрези, мочен меур).

Ја ублажува кашлицата, лекува афти, а служи и за гаргарење при болести на грлото. Маслото од босилек се смета за одлично средство против акни.
Поволно влијае и врз нервниот систем: ја смирува нервната напнатост, го подобрува памтењето, ја ублажува мигрената и го отстранува менталниот умор.

Облози од босилек поттикнуваат поуспешно исцелување на рани. Свежи листови од босилек се одличен домашен лек против убоди од комарци, ако со прстите малку го изгмечете листот и го протриете местото на убодот.

Етеричните масла од босилекот во разни лековити препарати се употребуваат за инхалирање, бања, масажа и ароматизирање на просторијата. Во организмот се внесува преку кожата или со вдишување, а потоа преку крвотокот доспева до клетките.

На тој начин делува врз здравјето, имунитетот јакне а исто така се подобрува и психичката состојба. Многу досегашни истражувања покажуваат дека етеричното масло од босилекот има антибактериско, антивирусно и антисептичко дејство.

ЕНEРГЕТСКА И НУТРИТИВНА ВРЕДНОСТ

Листовитe од босилекот имаат слаткасто ароматичен мирис и помалку остар но пријатен вкус. Содржат 0,3-0,8% етерично масло, танин сапонин и горки материи.
Во етеричното масло од босилек има естрагол или метилкавикол кој потсетува на анис.

Исто така, содржи линалол, цинеол и други антисептички состојки кои ги уништуваат штетните бактерии од храната и го спречуваат нивниот раст. Поради тоа, се користи и како природен конзерванс.

Иако во називот се спомнува „масло“, всушност станува збор за потполно немасна и лесно растворлива течност со интензивен мирис.
Претежно се користи во фармацевтската индустрија за ароматизирање на разни лековити препарати, но има и примена во прехрамбената индустрија, особено во производството на освежувачки пијалаци, бонбони и сл.

КУПУВАЊЕ И ЧУВАЊЕ

Босилекот можете да го купите во саксија или во китка. Листовите од свеж босилек чувајте ги во хартиена кеса, или во пластична кеса па да го складирате во фрижидер најмногу до два дена. Може и да се конзервира во маслиново масло или во оцетна киселина, да се замрзнува или исуши.

Листовите од босилек ставете ги во стаклена тегла, малку посолете па прелијте со маслиново масло.Теглата добро затворете ја и чувајте ја во фрижидер.
Ако сакате да го замрзнете босилекот, тогаш треба да го помешате со малку вода и да го ставите во калапи за мраз. Кога коцките ќе замрзнат, можете да ги чувате во замрзнувачот во некој сад или кеса.

Свежите листови можат да се исушат на суво и ветровито место, под сенка, а стаклените тегли во кои ќе се чува да бидат добро затворени и со темна боја.
Јадења приготвени со босилек

Босилекот може да се користи како гурмански додаток за супи, сосови и брускети. Во салатите се ставаат во последен миг за да не го изгубат свежиот вкус.
Еден од најпознатите сосови од босилек е песто, а се приготвува од свежи листови босилек, лук, маслиново масло и рендан пармезан.

Прелиен преку шпагети ги претвора тестенините во вистинско гурманско доживување, а може да послужи и како маринада. Освен песто, од босилек можете да направите и одличен прелив за шницли, пилешко или морски плодови на скара.

Свежиот босилек може да се измеша со путер, свежо мелен пипер и рендала лимонова кора, па да добиете ароматичен путер кој ќе го користите за разни видови печено месо и риба.

Босилекот е многу полезен ако се додава во масни јадења, како што е свинско месо, овчо или печена гуска, бидејќи на тој начин јадењето ќе биде полесно сварливо.
Сувиот босилек има посилен вкус од свежиот па додавајте го во варива и разни други јадења од зеленчук, како грашок, разни салати и намази.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.