Бардовци пропадна – Каде ќе се гради новиот Клинички?

Бардовци најверојатно нема да биде локацијата на новиот клинички центар. Бројните приватни парцели и финансиите потребни за решавање на имотно правните односи ги предомисли здравствените власти. До Злокуќани под обиколницата е новото место што го разгледува работна група од Министерството за здравство, кое било целосно државно земјиште. Иако пред седум месеци беше промовирана идејата за новиот клинички кампус, сега останува неизвесно кога и каде ќе биде изграден најголемиот медицински центар.
-Работна група разгледува и други локации но во тој предел, овде ќе требаше да потрошиме многу пари што е без потреба трошок. Не сакакме да се обврзуваме кога ќе почне изградбата за да не избрзуваме, бидејќи сега комисија работи на тоа и сакаме се да биде дефинирано, вели Венко Филипче, министер за здравство.
Во комисијата која утврдува како ќе треба да изгледа новиот клинички центар има и странски епскерти а од Министерството за здравство повторно очекуваат кредит од Банката при Советот на Европа.
-Ако се биде како што треба и тоа што они го бараат очекуваме да добиеме кредит, вели Филипче.
И додека пациентите и медицинскиот персонал чекаат подобри услови за лекување и за работа, се уште не се знае кога Македонија ќе добие нов клинички. Изминатите 10 години сите министри за здравство најавуваа современ здравствен комплекс, но никако да бидат удрени темелите на тој објект.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.