Астронаутска диета

Тело на божица за 13. дена

Благодарение на големото количество протеини кои ќе ги внесувате во текот на оваа диета резултатот е големо губење на килограмите без последици по мускулите.


Дали некогаш сте слушнале за астронаутската диета? Станува збор за
фантастичен начин да го забрзате метаболизмот, истопите одвишните килограми но и да го решите проблемот со варењето.

Како функционира и кому е наменета?
Вистинските астронаути всушност не ја држат оваа диета, но името настанало поради тоа што само ретки успеваат да ја држат, бидејќи треба да се откажете од многу продукти, како што астронаутите мораат да се откажат од многу продукти. Влакната и јагленните хидрати се сведени на минимум, а диетаа претежно се базира на протеини.

Исто така, ако сакате успех, морате да го намалите внесот на калории.
Благодарение на големото количество протеини кои ќе ги внесувате со оваа диета, резултат е голем губиток на килограми без негативни последици по мускулната маса.

Забранета храна
Продукти кои не се дозволени во астронаутската диета:
– газирани и овошни сокови
– алкохол
– сол и шеќер
– зеленук со скроб (компири, моркови, цвекло, пашканат)
– ориз и тестенини
– леб и житарки
– месни преработки

Храна која треба да се јаде што повеќе:
Наместо јунешко јадете риба, наместо шунка јадете јајца! Вметнете ги и следните продукти:
– печурки
– јајца
– пилешко
– домати, краставици
– зелена салата, зелка
– брокула карфиол, боранија
– тиква, тиквички
– сирење и тофу сирење
– веганско млеко (бадемово, од ориз, од соја)

Предлог мени
Мешајте ги продуктите кои намногу ви одговараат а еве еден одличен предлог за еден ден:
Појадок: две варени јајца и шоља кафе без шеќер и млеко
Ручек: пилешка супа без зачини, 200 г пилешко месо, салата од домати и
печурки, чаша млеко од соја или шоља кафе
Ужина: шоља портокал или шоља зелен чај
Вечера:чаша бадемово млеко, риба и 150 г тофу
Тофу сирењето можете да го замените со урда, пилешкото со риба, кафето со зелен чај, а портокалот со јаболко.

Важна напомена
Не смеете да заборавите на витамините и минералите. Задолжително шетајте секој ден и пијте многу вода. Диетата држете ја најмногу 13. дена, а потоа можете да направите мали измени. Сепак, водете сметка потполно да не се вратите на исхраната во која внесувате јаглени хидрати, скробен
зеленчук, сол и шеќер.

Решете го проблемот со варењето
Ваквата исхрана може да ви помогне да решите многу проблеми со варењето!
На пример, бидејќи скоро потполно ќе ги исфрлите јаглени хидратите, кои се ферментираат во цревата, ќе ја спречете надуеноста и создавањето на гасови. Исто така ќе ги ублажите симптомите на нервозни црева.

Неколку совети за најдобри резултати
– Во текот на денот внесувајте доволно течности
– Одбегнувајте пржена, зачинета и мрсна храна, засладувачи, црн чај, газирани пијалоци и алкохол
– Престанете да пушите
– Почесто јадете суви сливи
– Не одете на спиење веднаш после оброкот
– Хрната наместо на путер подготвувајте ја на маслиново масло
– Пијте чаеви од камилица, нане и ѓумбир
– Не ги заборавајте пробиотиците

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.