Алармантно во Хрватска – Досега девет лица починале од грип
Девет лица починаa од грип во Хрватска, но за два смртни случаи во Сплит сè уште се чекаат официјални информации, изјави директорот на Хрватскиот завод за јавно здравје, Крунослав Чапак, и додал дека Хрватска по епидемијата на грип е трета во Европа со oколу 8 500 заболени.
Од седум смртни случаи, три се во Загреб, два во Крапина, и по еден во Сплит и Сисак.
„Што се однесува за Европа, најмногу заболени има во Велика Британија, а Хрватска е трета по интензитетот на епидемијата“, рече Чапак.
Министерот за здравство, Милан Кујунџиќ, рече дека епидемијата на грип го достигнала врвот и ги замоли граѓаните што помалку да излегуваат и да избегнуваат простории со повеќе луѓе.