Алармантна прогноза – Се повеќе бебиња ќе се раѓаат со срцеви мани!
Високите темпeратури не само што се непријатни за време на бременоста туку топлината може да му наштети и на здравјето на бебето, а со климатските промени ова, веројатно, ќе стане уште поголем проблем.
Една студија објавена од страна на Американска асоцијација за срце покажува дека поголем број бебиња веројатно ќе се родат со вродени срцеви мани во периодот помеѓу 2025 и 2035 година поради изложеноста на мајките на повисоки температури за време на бременоста предизвикани од климатските промени.
Ова особено важи за мајките што биле бремени во пролет или лето. Климатските промени може да резултираат со уште 7.000 дополнителни случаи на вродени срцеви мани во САД во текот на 11-годишен период, според студијата.
Климатските промени ќе влијаат и врз односот меѓу половите кај новороденчињата, велат научниците.