Ако железото во крвта ви е намалено, имате ризик од мозочен удар

Хроничниот недостаток на железо во крвта ја прави крвта повеќе леплива, со што се зголемува ризикот од мозочен удар , велат истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон. При поголема лепливост на крвта полесно доаѓа до згрутчувања кои му претходат на  исхемичниот мозочен удар , пренесува Daily Mail.
Во повеќе од 80 проценти од случаите на мозочен удар  причина е појавата на згрутчување на крвта, а ниското ниво на железо може да ги објасни и се почестите мозочни удари кај младите и здрави луѓе , објаснуваат научниците кои проучувале повеќе од 400 пациенти. Тие откриле дека дури и умерено ниско ниво на железо во крвта може да го зголеми ризикот од мозочен удар.
Истражувачите објаснуваат дека се потребни и други истражувања за да се утврди точната поврзаност со недостатокот на железо и формирањето на згрутчување на крвта. Но им препорачуваат на луѓето со недостаток на железо редовно да прават контроли.

Симптоми на недостаток на железо во крвта
замор
вртоглавица
лупање на срцето
сувост на грлото
бледило
кршливи нокти
губење на косата
Проблеми со голтањето
Рани на рабовите на устата
останување без здив

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.