Во кои професии се пие најмногу алкохол?

Ѕидарите, молерите, електричарите, но и новинарите и хирурзите ги бие глас дека се склони да станат алкохоличари. Дали е тоа вистина.

На некои работни места не само што е нормално со ручекот да се напиете пиво, туку тоа и се подразбира. Иако умреното пиење на алкохолни пијалоци може благотворно да влијае на организмот, ако се претерува може да биде опасно. Некои занимања по тие критериуми се поризични отколку другите, а најмногу се пие во градешништвото и рударството, покажува една студија. Според статистиките, дури 17,5 проценти од рударите се тешки алкохоличари, како и 16,5 проценти од градежниците. Сепак, мора да се има разбирање, некои професии носат и големо количество на стрес, а познато е дека алкохолот во одредени количини знае позитивно да влијае и да ослободи од стрес. На листата од 10 професии во кои најмногу се пие алкохол, меѓутоа не се вбројани пилотите, за кои е јавна тајна дека се склони кон алкохолот, поради големиот стрес и одговорноста со која секојдневно се соочуваат.

Топ 10 професии во кои се пие најмногу алкохол:

1. Рударство
2. Градежништво
3. Туризам и прехранбена индустрија
4. Новинари
5. Мајстори во разни занимања (автомеханичари, водоинсталатери)
6. Медицински лица
7. Менаџери
8. Занаетчии
9. Земјоделци, рибари, фармери
10. Трговци

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.