Што треба да пиете и јадете за здрав мозок?
За почеток, црвено вино
Иако често не сметаме дека алкохолот може да ни помогне да се чувствуваме подобро, истражувањата покажуваат дека чаша црвено вино може да помогне за долгорочно здравје на мозокот. Во истражувањето кое во себе вклучува 100 помали експертименти било покажано дека една чаша на ден (за жените) и две чаши дневно (за мажите) можат да придонесат кон намалување на ризикот од дементија и Алцхајмерова болест за 23%.
Сепак, важно е да не претерате, бидејќи претераното пиеење алкохол е поврзано со голем број на когнитивни проблеми.
Куркума
Ефектот на овој магичен зачин е евидентен во рурална Индија, каде само 1% од постарите лица на возраст над 65 години има Алцхајмерова болест, споредено со 13% во САД. Причината за тоа е куркумата – која има огромно анти воспалително дејство и антиоксидантни состојки.
Истражувањата покажуваат дека овој зачин помага во избистрување на умот, а освен тоа тој ќе ви помогне да се чувствувате подобро, бидејќи содржи и серотонин.
За најдобро конзумирање измешајте 1 часа студена вода, ½ лажица куркума, ½ лажица бибер и сок од 1 исцеден лимон.
Боровинки
Боровинките се вистинска храна за мозокот. Тие се богати со флавоноиди (антиоксиданти кои ја подобруваат меморијата). Дел од истражувањата покажуваат дека ова овошје може да помогне во минимизирање на ефектите од генетските предиспозиции за заболување од Алцхајмерова болест, но тие истовремено го забавуваат губењето на когнитивните способности, особено кај постарите лица.
Маслиново масло
Маслиновото масло е одлична храна за мозокот бидејќи содржи анти-воспалителни состојки, вклучувајќи ги и полифенолите кои го намалуваат ризикот од заболување од Алцхајмер и депресија.