Треба ли мајката да спие со бебето во ист кревет?

Спиењето со бебе во ист кревет не е добра идеја иако го практикуваат голем број на родители , предупредуваат шведски истражувачи од Националниот Одбор за здравје и благосостојба. Загрижени за родителската практика објавиче и водич за родителите да ги предупреди на потенцијалните опасности.
Споделувањето кревет со бебето е вообичаена практика во Шведска , а според претходните истражувања и во многу други земји во светот.
– Многу е важно бебињата до третиот месец да спијат во креветче, вели член на истражувачкиот тим. Нагласува дека овие упатства се нови а досега за ова биле предупредувани само пушачи и родители под влијание на алкохол или лекови кои никако не треба да спијат со новороденче во ист кревет .
Според истражувањето , од анализираните 1500 необјаснети смртни случаи на бебиња, ненадејната смрт е пет пати поголема ако бебето го дели креветот со своите родители.
Околу 65 проценти од родителите спијат во ист кревет со новороденче на возраст од три месеци.
Во други земји како што се Франција и САД ги советуваат родителите да спијат во иста соба , но не и во ист кревет со бебето. Ненадејната доенечка смртност обично се случува без предупредување и без симптоми за време на спиењето. А покрај избегнување од заедничко спиење, други совети за намалување на ризикот од неа се и ставање на бебето да спие на грб и избегнување на изложување на чад од цигари.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.