Луѓето кои веруваат во Бог не страдаат од депресија

Исус - лек за депресија

Податоците собрани од 7.700 испитаници во постара возраст, сугерираат дека религиозните луѓе имаат помал ризик за паѓање во депресија.

Американските научници од Универзитетот на Масачусетс утврдиле дека учествувањето во религиозни обреди ги намалува симптомите на депресија, кај оние што претходно имале такви симптоми.

Истражувачите пишуваат дека испитаниците вклучени во активности поврзани со религија, имале повеќе општествени контакти, па затоа имаат помал ризик за изолација и осаменост – важни фактори поврзани со депресија.

Бог преку мудроста на Соломон нуди дијагноза и решение за излез од состојбата на депресија како помош за луѓето. Срце полно со вознемиреност е виновникот. Еден добар збор е лекот.

Исус: Лек за депресија

Исус рече: “Дојдете при мене сите вие кои сте изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам. Земете го Мојот јарем на себе, и учете од мене, зошто јас сум благ и понизен по срце, и ќе најдете поткрепа за своите души. Зошто мојот јарем е пријатен и мојот товар е лесен. “(Матеј 11:28-30). Како Јован Крстител, и ние треба да им се обратиме на депресивните луѓе, со зборовите: “Еве Го Божјото Јагне!” (Јован 1:29).

Многу од христијаните ќе успеат да ја надминат состојбата на депресија кога ќе ги разберат основните Библиски вистини:

Реализирање на надежта која ја имаме во Бога:

Тој не охрабрува и ни вели “Повикај Ме во денот на невоља. Јас ќе те избавам, а ти ќе ме славиш.”

Безнадежноста е еден од симптомите на депресијата. Но, Божјата благодат во Исуса Христа е основата на нашата надеж. (Колосјаните 1:5-6, 23, 27, 1 Тимотеј 1:1). Павле беше човек на болката и страдањето, но тој вели: “Тој не избави од смртната опасност и ќе не избавува. На Него се надеваме дека и понатаму ќе не избавува. ” (2 Коринтјаните 1:10)

Обнова во радоста на спасението

Ние живееме во еден паднат свет во кој сите добри работи еднаш можат и да завршат. Трагичниот дел од овој живот ќе биде присутен се додека Исус, нашиот Спасител не се врати по втор пат. Радоста на спасението се оживува повторно и повторно со простувањето на нашите гревови и вистината дека ние ќе живееме вечно во Божјото царство во кое ќе бидеме ученсици во неизмерната радост на спасението. Ние не треба никогаш да за презаситиме од Евангелието – Добрата Вест.

Активна љубов кон Бога и другите

Љубовта кон Бога и другите е од суштинско значење, бидејќи депресивните луѓе, честопати се вовлечени во магичен круг на морбидни чувства кои ги одалечуваат од лекот кој им е даден од небото како решение кое очајно им е потребно. (Матеј 22:36-40). Кога депресивните луѓе почнуваат да Го љубат Бога и луѓето, најчесто нивната депресија едноставно исчезнува.

Совети за надминување на депресијата:

Еве неколку совети за надминување на депресијата. Но секако не треба да се занемари и медицинската состојба на човекот, која може да биде причина која доведува до состојба на депресија.

1. Опишете го своето искуство,

Замолете ги луѓето да го опишат своето искуство со депресијата во детали. Колку што постојат различни луѓе, толку и различни облици и видови на депресија постојат.

2. Идентификувајте ги причините,

Депресијата често пати не е само нешто што го имаме, туку и нешто што го правиме. Поставете им го следното прашање на луѓето: Кога твојата депресија би можела да зборува, што таа би рекла? Што би рекла за тебе? За другите? За Бога? Депресијата е активно чувство кое може да потекнува од различни извори, и тоа психолошки: чувство на вина, неисповедан грев, лажно чувство на вина, срам, страв, потисната горчина или омраза, безнадежна тага, или небиблиски очекувања.

3. Читање и проучување на Светото Писмо,

Побарај луѓе со кои ќе можеш да ги проучиш Псалмите 42 и 43, како псалмистот Му се обраќа на Бога? Што тој проповеда на самиот себе?

4. Закон за вистината,

Објаснете им дека патот кон излезот од депресијата треба да е поплочен со верба во Бога. Депримираните луѓе кои бараат помош од своите пастори, најпрво треба да прифатат дека единствено полушноста и понизноста кон Бога ќе ги извлече од таа состојба, иако во тој момент се им игледа безнадежно и безполезно. Истотака, напоменете им дека излезот од оваа состојба треба да се одвива “чекор по чекор.”

5. Стил на живеење,

Проценете и посоветувајте ги за нивниот стил на живеење. Дајте им препораки и совети како да го подобрат квалитетот на живеењето. Да не се оптеретуваат со многу работа, да имаат редовна физичка активност, како да ја надминат несоницата, како да ја подобрат својата духовна дисциплина и слично.

6. Решавање на конфликтите,

Справување со проблематичните врски, минатото или сегашноста.

7. Работете,

Работете работа која ви причинува задоволство и воедно е корисна и за останатите луѓе. Помагањето на другите е најдобар начин за излез од состојбата на самосожалување и повлеченост која им се случува на депресивните луѓе.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.