Пиете вода од пластични шишиња?

Зошто не треба да го правите тоа никогаш?

Пред десет и повеќе години веројатно се уште никој не помислуваше дека обична вода ќе пиеме од пластични шишиња. А денес тоа е повеќе навика, отколку потреба, бидејќи водата од повеќето водоводи се уште е питка.

Сепак, често со пиењето вода од пластично шише си правиме лоша услуга. Зошто? Се работи за хемискиот состав на пластиката. На дното од секоја амбалажа побарајте го триаголникот со број во средината. Тој кажува колку е опасна вашата пластика.

PET или PETE – означува шишиња наменети за еднократна употреба. Можно е да испуштаат тешки метали и хемиски материи кои влијаат на хормоналниот баланс.

HDP или HDPE – пластика која испушта најмалку хемикалии. Водата спакувана во неа е најчиста и најпрепорачлива.

PVC или 3V – испушта 2 отровни хемикалии кои исто така влијаат на хормоните во телото.

LDPE – пластика која не смее да се користи за изработка на шишиња, туку за пластични вреќички иако не испушта хемикалии во водата.

PP – уште една „добра“ пластика со бела или полу проѕирна боја, која се користи како амбалажа за сирупи и чашки за јогурт.

PS – испушта канцерогена материја, а најчесто се користи за изработка на чаши за кафе и во амбалажите за брза храна.

PC или пластика без ознаки – најлошата пластика во прехранбеното производство која излачува хемикалија BPA, а често пати се користи за спортски шишиња и садови за чување на храна.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.