Дали ви се заканува мозочен удар?

Едноставен експеримет што можете да го направите дома

Времето кое можете да го поминете стоејќи на една нога е многу лесен начин да предвидите колку добро ќе остарете, но и дали ви се заканува мозочен удар или деменција.

Едно истражување објавено во 2015 година во магазинот “Stroke” открилo дека лицата кои не можат да стојат на една нога подолго од 20 секунди имаат поголем ризик од “тивок” мозочен удар кој се карактеризира со мали крварења во мозокот кои не предизвикуваат симптоми, но ја зголемуваат опасноста од деменција и поголем мозочен удар.

Од друга страна, една студија од 2007 година покажала дека здрава личост во 70-тите години во просек може да издржи 20 секунди на една нога, додека просекот на лицата во 80-тите години од животот е 9 секунди.

Џон Бруер, професор по спортска наука смета дека лицата на возраст помеѓу 40 и 60 години би требало да издржат цела минута.

“Ова е одличен тест за вашата стабилност, но и силата на лигаментите кои ги поддржуваат колената. Ако не можете да издржите една минута, тогаш дефинитивно би требало да поработите на својата физичка кондиција и сила”, објаснува Бруер.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.