Козметика за која непотребно фрламе многу пари

Престанете залудно да ги давате парите

Колку пати во продавница сте купиле некој козметички производ само поради тоа што сте мислеле дека ќе го раши вашиот проблем, како на пример оној за отстранување на целулитот? Заклучокот е дека одредени производи воопшто не ни се потребни, затоа престанете залудно да ги давате парите.

Маскарите со две четки

Ако сакавте да пробате маскара со две четки, од кои едната има светол дел, за долги и цврсти трепки, немојте да ја купите. Двојното нанесување, прво на восок а потоа маскара, на многу жени на крајот им оди на нерви па ретко ја користат онаа белата.

Специјални креми за одредени делови од телото

На поединечни делови од телото кожата е различна по дебелина, сувост и чувствителност, но скапоцените креми за врат, рамена или некој друг дел не гарантираат подобра нега. Обичниот лосион или млеко за тело е сосем доволно за целото тело освен за лицето. Најважно од се е постојано да го користите.

Тоник за лице

Тоникот се употребува меѓу процесот на нанесување крема, што би требало по правило да ги затвори порите. Но, тоникот најчесто ја затегнува кожата и таа делува суво и без хидратација. Тоникот не ви е воопшто потребен доволно е само да го измиете лицето со студена вода.

Антицелулитни креми

Без оглед на тоа што професионалците постојано советуваат дека антицелулитните креми нема да ви помогнат со овој проблем, тие повторно се купуваат. За целулитот постојат посебни третмани кои пред се не се извршуваат во домашни услови. Ова не е проблем од кој со крема ќе се решите.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.