Осум смртни случаи од грип во Македонија

Сезонскиот грип однесе 8 животи

Осум лица починале досега како последица од сезонскиот грип, информираше денеска епидемиологот Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје.

Во текот на изминатата недела, регистрирани се 8 смртни случаи асоцирани со грип. Се работи за 5 лица од Скопје и по едно од Делчево, Охрид и Кавадарци. Возраста на починатите се движи од 12-70 години. Кај седум лица е утврдена претходна хронична болест/ ко-морбидитет. Кај сите починати е докажан инфлуенца А вирусот, од кои кај 5 лица е потврден А(H1pdm) вирусот на грип.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.