Власта бара мислење и од опозицијата за локацијата на новиот Клинички центар!
Вчера попладне во Собранието, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, одржаа дебата со пратениците за можни локации за изградба на нов Универзитетски Клинички центар.
Ги презентираа предложените локации со цел да се разгледаат сите можни аспекти за да се изнајде соодветна местополжба за новините во здравството, со кое директно на корисниците ќе им се овозможи да добиваат квалитетни здравствени услуги.
„За ваков голем проект од национален интерес како што е Клиничкиот центар, ја вклучуваме и опозицијата во дебата. Нема партиски, национални или други разлики за изградба на новиот Клинички центар. Потребна е координација, интерактивно и ускладено функционирање“, истакна министерот Филипче.
Локацијата за новиот Универзитетски Клинички центар треба да биде транспортно пристапна и лесно достапна на граѓаните, економски оправдана, пријателски настроена кон животната околина и по можност досега не користена за претходен урбан развој и на тој начин ќе претставува простор соодветен за здравствен развој.
„За новиот Универзитетски Клинички Центар кој претставува проект од национален интерес ја вклучивме и опозицијата во дебата“, изјави министерот Филипче.
Инаку, речиси цела година надлежните не можат да најдат локација за новиот Клинички центар. од Бардовци, Ѓорче Петров, Петровец..се уште не е јасно каде ќе бидат удрени темелите на новиот медицински кампус.
Со почит,
Одделение