Скопските клиники добија две нови возила за интерклинички транспорт!
Министерството за здравство набави две нови возила за интерклинички транспорт на пациенти.
Со вака специјално модулирани превозни средства кои се соодветно опремени и климатизирани за транспортирање на болни лица ќе се допринесе за подобар третман на пациентите.
Целта на оваа набавка е да се обезбеди квалитетен пренос на пациенти, нивна заштита од надворешните временски влијанија, како и третман на нивното здравје и нега при транспортот. Дополнително, со користењето на двете нови возила за транспорт се обезбедува здравствена заштита и заштита на приватноста на пациентите при транспортот.
Реализацијата на оваа набавка значи дека луѓето нема повеќе да се пренесуваат физички, на носилки од една до друга клиника.
Возилата се дел од Службата за заеднички работи, ќе се користат за транспорт на пациенти од една до друга клиника и ќе бидат користени исклучиво во рамки на комплексот Клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.