Сауните се превенција за мозочен удар!

Истражувањето беше спроведено на 1.628 мажи и жени на возраст од 53-74 години. Го прателе нивното здравје 15 години, нивното кардиоваскуларно здравје и фреквенцијата на мозочен удар

Редовната посета на сауна може да го намали ризикот од мозочен удар за повеќе од 60 проценти кај мажите и жените од средна и постара возраст, според една нова студија објавена во списанието Неврологија. Во Финска, каде што е спроведена студија, сауната веќе долго време се смета за средство за создавање на поотпорно тело.

Повеќето Финци одат во сауна барем еднаш неделно, а учесниците во истражувањето беа поделени во три групи – еднаш неделно во сауна, два до три пати, и три до четири до седум пати неделно.

Последната група, со најголем број пати посета на сауна, имаше повеќе од 60 проценти помал ризик од мозочен удар од оние кои ја користеа сауната еднаш во неделата. Средната група имаше 12 проценти помал ризик во споредба со првата група.

Постојат бројни студии кои покажуваат дека изложеноста на различни температури – топла и студена – може да придонесе за подобро здравје. На пример, останувајќи во сауни и топла бања го намалува воспалението во телото, го подобрува шеќерот во крвта, го намалува притисокот … Од друга страна, екстремната студена изложеност може да им помогне на луѓето да согоруваат маснотии во телото, да го подобрат имунолошкиот систем …

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.