Филипче: Наскоро ќе се знае како ќе се финансира изградбата на новиот Клинички центар во Бардовци

Во тек се преговори со кредитори и за кратко време ќе се знае како ќе се финансира изградбата на Клиничкиот центар-Скопје на новата локација во близина на болницата Бардовци. Министерот за здравство Венко Филипче е дециден дека според сите испитувања, модерен Клинички центар не може да се изгради на постојната локација.

– Тоа што требаше да се добие е еден нов блок на зграда, кој требаше да биде споен со две згради, кои веќе сега се спремни за реновирање, вклучително и новата зграда на Гинекологија, на која по само толку години функционирање треба да и се реновира покривот поради тоа што прокиснува. Освен тоа, во рамките на тој кампус остануваат уште седум стари згради, кои никако не се влезени во проектот. Во овој момент тие се во таква лоша состојба што веќе сега бараат некаква форма на реконструкција. Ако навлезме во овој проект, без разлика на сумата за која станува збор како инвестиција, ќе влезевме во еден циклус од којшто не ќе можевме да излеземе, рече Филипче кој денеска просиствуваше на комеморација по повод депортацијата на Евреите од Штип.

Нагласи дека со изградба на нов Клинички центар на постојната локација нема да се добие современ центар и пациентите, рече, и натаму ќе треба да се пренесуваат по улиците. Изградбата на новата локација ќе овозможи нов концепт на модерна болничка зграда во која пациентите ќе имаат интегрирани медицински услуги, како и во останатите европски држави.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.