7 вработени во акушерско-гинеколошкото одделение во Прилеп се позитивни на Ковид-19
Болничарка вработена во акушерско-гинеколошкото одделение во Прилеп инфицирала уште шест свои колеги со коишто работела, други болничарки и медицински сестри. Заболената болничарка ги криела симптомите и продолжила да оди на работа. По нејзина хоспитализација, извршено е тестирање и потврдено дека уште 6 други вработени се позитивни на корона вирусот.
„Точна е информацијата дека во овој оддел има заболени лица од Ковид-19. Дополнително ќе информираме за другите мерки што ќе бидат преземени. Во последните 24 часа евидентирани се 7 новозаболени во градот, од нив 4 од гинеколошкиот оддел“, потврдуваат од Центарот за јавно здравје во Прилеп.
Бројот на новозаболени во Прилеп почнува да расте. Пред два дена се евидентирани 4 нови случаи, а во петокот двајца заболени.