7 лица починати и 632 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Во последните 24 часа направен е 6.531 тест, а регистрирани се 632 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 470
• Охрид – 35
• Прилеп – 25
• Кавадарци и Штип – по 17
• Струмица – 14
• Велес – 10
• Гевгелија – 9
• Кичево – 5
• Неготино – 4
• Куманово – 3
• Тетово, Битола, Гостивар, Струга, Крива Паланка, Дебар, Валандово и Богданци – по 2
• Кочани, Свети Николе, Ресен, Радовиш, Делчево, Виница и Пробиштип – по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (68г и 76г) и Битола (40г и 75г) и по едно починато лице од Прилеп (67г), Охрид (72г) и Крушево (74г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени
се 4 лица, по едно лице од Прилеп, Кратово, Дебар и Гостивар, починати во период од 20.12.2021 до 05.01.2022г. Починатите се на возраст од 69 години до 87 години. Од пријавените 2 лица се починати во болнички услови и 2 во домашни услови.
Регистрирани сe 248 оздравени пациенти од:
• Скопје – 142
• Битола – 22
• Кавадарци – 13
• Охрид – 10
• Прилеп – 7
• Куманово – 6
• Штип, Струмица, Велес и Гевгелија – по 5
• Валандово, Ресен и Македонски Брод – по 4
• Тетово, Богданци и Берово – по 3
• Дојран – 2
• Кичево, Неготино, Струга, Кочани и Делчево – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.648.399 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 232.068, бројот на оздравени пациенти е 214.506, на починати е 8.023, а бројот на активни случаи изнесува 9.539

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.