СЗО: Симптоми на „омикрон“ кои бараат итна медицинска помош

67

Симптомите на „омикрон“ варијантата на коронавирусот често се опишуваат како „благи“ и се споредуваат со обичната настинка. Сепак, Светската здравствена организација (СЗО) укажува на ситуации кои бараат итна медицинска помош.

Според веб-страницата на СЗО, сè уште е точно дека луѓето со симптоми треба да останат изолирани најмалку 10 дена по првиот ден кога ги развиле симптомите, плус уште 3 дена по исчезнувањето на симптомите, кога ќе се ослободат од треска и респираторни проблеми. Дури и оние кои немаат симптоми треба да останат изолирани најмалку 10 дена по позитивниот тест.

Треба да се следи ситуацијата и веднаш да се консултира лекар доколку симптомите се влошат и има отежнато дишење, болка во градите, конфузија, губење на говорот или подвижноста.

„Некои симптоми може да бидат знаци на итна медицинска помош. Во зависност од возраста на лицето, овие симптоми може да изгледаат поинаку. Возрасните може да изгледаат дехидрирано, да имаат отежнато дишење или болка во градите. Тие исто така може да се жалат на вртоглавица. Децата одеднаш може да изгледаат збунето или да одбиваат да јадат. Лицето или усните може да им станат синкави. Бебињата можеби нема да можат да цицаат. Овие симптоми се предупредувачки знаци дека е потребна итна нега“, соопшти СЗО.

Карактеристичните симптоми на „омикрон“ вклучуваат гребење во грлото, течење на носот, кивање, блага мускулна болка и замор.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.