5 најлоши совети за исхраната кои ги добивате и често ги применувате
Информирате што навистина е штетно, а што не
Вистината е дека постојат многу лоши совети поврзани за исхраната. Најверојатно некои од нив секојдневно ги слушате. Затоа, најдобро е да се информирате што навистина е штетно, а што не, како влијае одредена храна на вашиот организам и колку ригорозно сакате да се грижите за исхраната.
Ова се најчестите совети кои ги добивате во врска со исхраната, а се погрешни.
1. Исфрлете ги јаглехидратите во целост
Доколку сакате да го одржите телото здраво и да бидете усешни на долгорочен план, не треба да ги отстраните јаглехидратите во целост. Напротив, треба да внесувате и јаглехидрати, но во умерени количини и да се трудите да јадете здрави јаглехидрати.
Доколку јадете тестенини, потрудете се да бидат интегрални. Целта на оброците е да бидат избалансирани, па така кога зборувавме за програмата NuMe, секогаш напоменувавме дека оброците се избалансирани и содржат големо количество на протеин, но и одредено количество јаглехидрати, кое му е потребно на телото за нормално функционирање.
2. Кога сте гладни земете гума за џвакање
Игнорирањето на чувството на глад нема да ги намали калориите и нема да помогне кон губењето на вишокот килограми. Всушност, тоа може и да ни наштети бидејќи доколку не јадеме кога сме гладни, подоцна ќе изедеме многу повеќе. Затоа, кога сaкаме да внимаваме на исхраната и да намалиме килограми, мора да имаме подготвено и здрави ужинки за периодот кога ќе ни се пријаде. Најдобро е тие ужинки да се богати со хранливи влакна и протеини, бидејќи само така ќе не одржат сити до наредниот оброк.
Тука повторно можеме да ги препорачаме NuMe кранчовите, бидејќи се со избалансиран состав на нутритиви и се одлична ужинка во секој период од денот или пак NuMe карамелите кои ќе ја задоволат вашата желба за слатко. Гумата за џвакање кај некои го ублажува чувството на глад за краток временски период, додека кај други предизвикува уште поголемо чувство на глад, затоа и не се препорачува.
3. Пијте диетални напитоци
Истражувањата покажуваат дека косумирањето на диеталните напитоци кои содржат повеќе вештачки засладувачи доведуваат до метаболички синдром и дијабет тип 2. Оттаму, подобро е наместо готовите диетални пијалоци, да пиете вода.
4. Ако сакате да ги намалите килограмите, јадете помалку и вежбајте повеќе
Уште еден совет кој е многу невистинит. Доколку чекате на овој начин да се ослободите од вишокот килограми, тогаш ќе се изначекате. Повторно напоменуваме дека кај оброците е важен балансот на хранливите вредности и секако умереност во количината на храната која ја внесувате. Вежбањето е секогаш добредојдено и од него може само да добиете поголема корист и побрзо остварување на вашите цели.
5. Морската сол е поздрава од обичната сол
Сол е сол. Во однос на консумацијата на солта, треба да внимавате на нејзиното количество, а не на типот на солта.