43 годишниот велешанец позитивен на Делта сојот пред 2 недели се вратил од Англија

43 годишниот велешанец позитивен на Делта сојот пред две недели се вратил од Англија. Ова е четврти потврден случај на индискиот сој во нашата држава. Според информациите од велешката болница тој е хоспитализиран веќе 7 дена и е во стабилна здравствена состојба.

Во текот на овие седум дена дури е хоспитализиран нема пријавен случај со симптоми кој бил во контакт со ова лице. Останите четири лица кои чекаат резултати за индискиот сој моментално се хоспитализирани во болница во Скопје, според информациите што ги соопшти министерот за здравство еден од овие пациенти е во тешка здравствена состојба додека останите тројца се во стабилна состојба, но до крајот на денот ќе се знае дали и кај нив станува збор за индиската варијанта.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.