27-годишна родилка од населба Рача, Охрид, вчера починала од сепса на клиниката во Скопје, објави Охрид 24.
Жената пред неколку дена се породила на гинеколошкото одделение при ЈЗУ Општа болница Охрид и на свет донела здраво и живо бебе. После породувањето жената била задржана на одделението. Дента кога жената требело да биде отпуштена, при станување од креветот состојбата и се влошила и се онесвестила по што итно била пренесена на клиниката во Скопје.
Таму лекарите констатирале смрт, а причина за тоа било сепса.