12 пациенти заразени со бактерија при трансплантација на матични клетки
МАТИЧНИТЕ КЛЕТКИ НЕ СЕ ЧУДОТВОРЕН ЛЕК
Дванаесет Американци се хоспитализирани по инфузија или инјекција која ја примиле при третман со матични клетки земени од папочна врвка заразена со бактерии, соопштува американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), а пренесува Си-ен-ен.
Пациентите од сојузните држави Аризона, Флорида и Тексас примиле третман произведен од компанијата „Џенетек“, а го продавала фирмата „Ливјон ЛЛЦ“.
ЦДЦ предупредува дека компаниите нелегално дистрибуирале производ кој не бил одобрен од Агенцијата за храна и лекови (ФДА).
ФДА предупредува извесно време
ФДА уште во ноември испрати предупредување до „Џентек“ со седиште во Сан Диего поради ReGen5, ReGen10 и ReGen30, кои се користат за алеогенична трансплантација, вид трансплантација во која се користат матични клетки од здрав соодветел дарител.
Матичните клетки не се чудотворен лек
ФДА одобри употреба на матични клетки од крв од папочната врвка за имунолошка реконституција, т.е. за лица со пореметување на системот кој учестввуа во производство на крв. Така можат да се користат при трансплантација на крв или коскена срж кај пациенти кои боледуваат од рак или пореметување на имунолошкиот систем.
Но, пациентите во овој случај ги лекувале од низа заболувања кои предизвикуваат болка, како остеоартритис, бол ки во грбот, ревматски артритис и слично. За ниту едно од тие заболувања не е докажано дека е можно да се излекува со трансплантација на матични клетки.
Опасно за пациенти
Последиците на оваа инфекција можат да бидат сериозни по здравјето на пациентите, вели д-р Киран Перкинз од ЦДЦ и додава дека е сериозно загрижена бидејќи пациентите се хоспитализирани.