На сите многу често ни се случува храната да ја завиткаме во алуминиумска фолија или да ја приготвуваме во неа. Но лекарите предупредуваат да не го правите тоа.
Тоа може да доведе до опасни болести“, предупредува доктор Зубаиди, еден од авторите на студијата.
Лекарите предупредуваат дека станува збор за количини кои се исклучително штетни за здравјето. Опасно е да се подготвува храна во алуминиумска фолија, да ја подгревате во неа и да оставите во неа да се лади.
„Таквата фолија никако не е погодна за готвење, но ниту за користење за складирање особено кај некои намирници како што се доматите или зачините“, објаснува доктор Зубаиди и предупредува дека со акумулацијата на алуминиум во телото може да се појават сериозни болести како што се, на пример, остеопороза и Алцхајмерова болест.
Премногу алуминиум доведува и до високо ниво на калциум во крвта, што е и најчест показател дека во телото има премногу алуминиум.
Во претходни студии е пишувано и дека кај болните од Алцхајмер е пронајден наталожен алуминиум во мозочното ткиво. Тоа го утврдиле по смртта на болните, кога со обдукција го проучувале мозокот.
Доктор Зубаиди вели дека алуминиумската фолија не е опасна за здравјето ако во неа се става ладна храна, но напоменува дека треба да се избегнува и алуминиумскиот прибор за јадење и садови.
За готвење подобро е да користите мрсна хартија за печење.