Знаци на покачен холестерол што може да се забележат на нозете
Ако не се препознае навреме и не се лекува, покачениот холестерол во крвта може да доведе до големи проблеми, особено кога станува збор за здравјето на нашето срце и кардиоваскуларниот систем, што е една од водечките причини за смрт во светот денес.
Но, како да препознаеме дека имаме покачен холестерол? Според клиниката Мајо, постојат одредени знаци кои можат да укажуваат на тоа, а некои од нив се забележливи на нашите стапала.
Раните симптоми кои можат да откријат дека имаме покачен холестерол и се појавуваат на нозете, вклучуваат:
оток на долниот дел на нозете
отекување на стапалата
чувство на необична тежина во нозете
болка во листовите.
Овие појави се јавуваат поради стеснување или блокирање на крвните садови кои носат крв од срцето до нозете.
Покрај симптомите кои се појавуваат на нозете, други знаци кои исто така се показател дека можеби имаме проблеми со нивото на холестерол се болка во колковите или долниот дел на грбот, израстоци на очните капаци, забрзан пулс (тахикардија) и секогаш студени стапала.
Иако симптомите на висок холестерол се јавуваат кај многу луѓе, повеќето ги мешаат со други состојби или целосно ги игнорираат, што може да биде многу опасно. Истражувањата покажуваат дека луѓето со нетретиран холестерол се повеќе склони кон срцеви и мозочни удари, како и на многу други болести.
За да го одржиме здравото ниво на холестерол, експертите советуваат да внимаваме на правилна исхрана, особено на внесот на хранливи материи, да избегнуваме алкохол и цигари, да се одмориме доволно, да се трудиме да бидеме под што помал стрес и да се движиме секојдневно. односно редовно да се занимавате со физичка активност.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.